Контроверзната Шведска претера: Секој ден стигнуваат смртни закани

Некои од вработените во шведската Агенција за јавно здравје, кои се одлучија за контроверзниот „шведски модел“ на борба против COVID-19, добија закани по живот.

Тие добија полициска заштита, соопшти денеска шефот на агенцијата, објави Reuters.

Шведскиот одговор на пандемијата беше различен од пристапот на повеќето земји во светот, бидејќи социјалното дистанцирање и маските не беа задолжителни, туку сè беше на доброволна основа.

Во земјата досега починаа повеќе од 12.500 луѓе, а бројот на смртни случаи по глава на жител е поголем отколку во соседните нордиски земји, но помал отколку во западноевропските земји, кои имаа строги рестриктивни мерки.

Високата стапка на смртност предизвика жестока дебата околу тоа дали властите треба да воведат поостри мерки, со водечкиот епидемиолог Андерс Тегнел во центарот на вниманието.

„Ова отиде предалеку, дека имаме и смртни закани, кои сега ги испитува полицијата“, изјави шефот на агенцијата за јавно здравје, Јохан Карлсон, за агенцијата ТТ.

„Заканите се насочени кон истакнати луѓе, а во меѓувреме бројот на заканувачки пораки е зголемен. Стигнуваат секој ден. Имаме луѓе што ги чува полицијата“, додаде тој.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе