Најконтроверзниот тенисер на денешницата, Ник Кирјос, најави промена на спортот откако стави крај на тениската кариера која ја одбележаа бројни повреди.

Да не беа многуте проблеми со повредите и скандалите надвор од теренот, Кирјос дефинитивно ќе направеше повеќе во тениската кариера која досега беше обележана со финале на Вимблдон и седум АТП титули.
29-годишниот играч одигра само еден натпревар во последните две години. Тој беше надвор од теренот поради тешката повреда на коленото и зглобот, поради што отсуствуваше подолго време.
Сепак, австралискиот тенисер најави дека повредата полека е зад него и дека се враќа „поподготвен од било кога“. Но, на Instagram откри дека планира и боксерска кариера откако ќе се повлече од тениските терени.
„Да, планирам да ја завршам мојата тениска кариера. Има и неколку луѓе кои би ги предизвикал“, одговори Кирјос на прашањето „дали е заинтересиран за боксерска кариера во иднина“.
Breaking: Nick Kyrgios confirms he’d like to make a shocking switch to another sport once he’s finished with tennis – and millions of Aussies would LOVE to see it https://t.co/IKCBcfUKsl #Aussies #confirms #dailymail pic.twitter.com/TVbZvsdAtG
— WhatsNew2Day (@whatsn2day) May 21, 2024
Лудориите на Кирјос надвор од теренот сигурно би ги направиле неговите боксерски натпревари погледани од многу професионални и познати боксери. Така се издвојуваат неговите вербални конфликти со Новак Ѓоковиќ, но и со телевизискиот водител Пирс Морган. Кирјос сега е одличен пријател со двајцата откако ги „закопаа секирите“.