Копа Америка: Дали бразилскиот претседател влијаеше на ВАР системот против Аргентина?

Аргентинците сметаат дека беа оштетени за два пенала во натпреварот со домаќинот на Копа Америка што го изгубија со 2:0.

Според капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, виновни се судиите и семоќноста на Бразил во Јужноамериканската фудбалска конфедерација CONMEBOL.

Аргентина бараше два пенала, но еквадорскиот судија Роди Замбрано не само што не ги досуди, туку и не се консултираше со ВАР по стартовите на Алвес и Артуро врз Агуеро, односно Отаменди.

Спорните ситуации може да ги погледнете ОВДЕ и ОВДЕ.

Сега, CONMEBOL сама потврди дека системот ВАР не функционирал некое време и дека дефектот се случил непосредно пред почетокот на натпреварот. Од конфедерацијата тврдат дека тоа не влијаело врз неговото користење за време на средбата.

Бразилскиот портал Globo излезе со теорија дека припадниците на обезбедувањето на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој беше присутен на натпреварот во Бело Оризонте, ја користеле истата фрекфенција како и судиската екипа.

„Се надевам дека CONMEBOL ќе преземе нешто. Ама мислам дека нема, бидејќи Бразил контролира сѐ. Многу е комплицирано“, рече Меси по натпреварот.

Организацијата на Копа Америка тврди дека претседателското обезбедување не ја користело истата фреквенција како и судиите на терен, но потврди дека имало прекини во сигналот што веднаш биле санирани.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе