Кори Гоф: Што треба да знаете за новата тениска сензација?

Има 15 години и го одушеви светот со победите на Вимблдон. Иако испадна во четвртото коло, ова за младата Американка би можело да биде почеток на една голема приказна.

„Многу научив, како да играм пред бројна публика, како изгледа да се биде под притисок. Многу сум благодарна за ова искуство. Се надевам дека научија нешто и за мене, дека сум борец и дека никогаш не се откажувам“, вели Кори.

Пред Вимблдон, Кори беше 301-та тенисерка во светот, а во Лондон дојде така што во текот на шопинг дознала дека добила вајлд кард.  Ги минала класификациите, а во првото коло ги шокира сите со победата над Венус Вилијамс. Потоа „паднаа“ Магдалена Рибарикова и Полона Херцог. Сето ова го постигна 15-годишно девојче на Вимблдон.

Победите ѝ донесоа 176.000 фунти и голем напредок на ВТА листата. Интересно за неа е што и двајцата родители се поранешни спортисти. Мајка ѝ се бавела со гимнастика, татко ѝ со кошарка. Од нив научила да биде истрајна и да се стреми кон целта.

Во меѓувреме, талентираното девојче стана интернет ѕвезда, мајката на Бијонсе објави нејзина фотографија на Instagram, додека Мишел Обама ѝ посвети твит. Медиумите се полни со наслови за новата ѕвезда во тенисот, но работите не се така едноставни. Едно е да се дојде на турнирот како некој непознат, сите да ги одушевиш и да направиш добар резултат. Сосема друга работа е да имаш улога на фаворит.

Доказ за тоа е Џенифер Капријати, девојчето кое пред да наполни 14 години стана професионална тенисерка во 90-тите години на минатиот век. Tри години подоцна, по низа победи и успеси, излезе од тенисот и имаше проблеми со законот. Како што подоцна кажа, размислувала и за обид за самоубиство. Подоцна повторно се врати на теренот и оствари успеси, но нејзиниот случај остана показател за тоа како овој начин на живот може да влијае на младите тенисерки.

Затоа, во 1994 година е воведено правилото девојчиња помлади од 13 години да не можат да играат на професионални турнири. На оние меѓу 14 и 17 години им е дозволено во одреден број. Младата Кори, позната по прекарот Коко, има склучено договор со агенцијата Tim8 на Роџер Федерер, така што тие ќе се грижат за нејзината кариера, пишува BBC.

реклама

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе