Иако Windows 11 полека се приближува кон своето прво големо ажурирање Sun Valley 2, сепак нуди некои функции за кои можеби воопшто не сте знаеле, а кои можат да ви помогнат во секојдневната работа со оперативниот систем.

Некои од основните работи и функции на Windows 11 се на едноставно место, но некои се навистина тешко да се најдат.
Еве седум работи за кои можеби не сте знаеле дека постојат на Windows 11.
Диктирањето на Windows е значително подобрено во последниве години, а Windows 11 го прави уште полесно и попристапно. Без разлика каде сте, притискањето на Win + H истовремено ќе ви овозможи да кажете порака, како на пр. команда за отворање на одредена апликација.
Ако сакате брзо да додадете емотикони или GIF на документ или порака, притиснете Win + . истовремено, по што ќе се појави прозорец кој ви овозможува да пребарувате и избирате емотикони или GIF-ови.
Со десен клик на иконата од менито Start ќе се отвори прозорец со избор на корисни апликации што можеби ќе ви бидат потребни.
Windows 11 донесе промена во Context менито, кога ќе кликнете со десното копче на одредена апликација или папка. Но, и ова може да се смени, бидејќи само во тој случај се оди на последната опција „Прикажи повеќе опции“ и се притиска Shift + F10, по што ќе се појави оригиналното Context мени.
Одете во Start Menu> Settings> System> Multitasking и исклучете ги сите layout-и за да имате повеќе функции за време на распоредувањето на апликациите и слично.
Ова е корисна, но тешко достапна функција во Windows 11. Ви овозможува да ја прилагодите јачината на звукот само во една апликација, додека во другите останува непроменета. Одете во Settings > System > Sound > Volume Mixer и ќе можете да ја прилагодите јачината на звукот за секоја апликација што е активна.
Windows 11 го подобри начинот на кој можете да копирате и залепите текст со иста брзина како притискање на CTRL + C и CTRL + V. Притиснете Win + V и ќе се појави прозорец со претходно копиран текст што можете да го залепите.