Корисни предлози за да тргнете пари на страна

Во денешно време, воспоставувањето контрола врз сопствените финансии значи ослободување од голема количина на стрес. Искуството покажува дека во подоцнежните години парите ќе ни бидат потребни двојно повеќе во однос на тоа додека сме помлади. Па затоа планирањето на буџетот со кој располагате е од големо значење, а тргањето пари на страна како заштеда е нешто што се вежба, бидејќи се работи пред сè за самодисциплина. Една поговорка вели: „Сочувајте ги парите, за парите да Ве сочуваат Вас“. Праксата во Македонија покажува дека младите не само што немаат навика да размислуваат за подалечната иднина туку и самосвеста за значењето на штедењето и инвестирањето во иднината е на многу ниско ниво, што не е случај со развиените земји. Ова е тема за која секако вреди да се размисли.

1. Елиминирајте ги вашите долгови

Доколку сакате да заштедите пари и да ставите нешто на страна за во иднина, првата работа од која треба да почнете се долговите. Доколку влечкате зад себе голем должнички износ започнете од него и конечно затворете го. Израчунајте колку Ве чини секој месец каматата која ја плаќате за да го подмирите долгот и ќе ја добиете големата слика за вашата финансиска перспектива. Еднаш кога ќе се ослободите од овој товар многу едноставно ќе можете да ставате пари на страна како заштеда. Затоа направете ги сите напори за што побрзо исплаќање на долговите без разлика дали тие се однесуваат кон банките или поединци.

2. Поставете си цели за заштеда

Еден од најдобрите начини да заштедите пари е да имате јасна претстава во име на што го правите тоа. Доколку ви е потребна мотивација поставете си таргети за заштеда заедно со временска рамка за да Ви биде полесен процесот на заштеда.

На пример сакате да си купите велосипед кој чини 18.000 денари, па на овој начин можeте да претпоставивте колку пари ќе треба да тргнете на страна за да во одреден временски период ја постигнете посакуваната цел.

3. Оставете ги цигарите

Се разбира не е лесно да се откажете, но доколку дневно пушите по една цела кутија тоа значи дека во текот на годината трошите просечно 43 200 денари, така да лесно можете да заклучите дека не се работи за мала сума на пари. И се разбира уште поважна придобивка доколку ги откажете цигарите е вашето здравје кое ќе го оддржите во многу подобра форма.

4. Размислете за што трошите пари

Ајде да бидеме реални, Вашата инвестиција во дополнителни предмети во домот и најразлични „гаџети“, како модерни мобилни телефони или таблети е неисплатлива бидејќи тие многу брзо ја губат својата функција и се амортизираат. Па затоа убаво запрашајте се секој пат кога сакате да го подновите вашиот дом или себе лично со некој нов „гаџет“ дали тој навистина Ви е потребен. Наместо да ги фрлате парите на работи кои чинат многу, размислете да ги вложите во дом кој ќе биде енергетски ефикасен. Па така ќе знаете дека инвестицијата ќе Ви се врати.  Повикајте стручни лица кои ќе го оптимизираат вашиот дом и ќе го направите енергетски ефикасен. Вложете во вистинските работи како што се прозори, врати и нова инсталација која ќе го направи вашиот дом место кое заштедува пари. Со текот на времето ќе ги почувствувате предностите на ваквата инвестиција.

5.  За на работа спакувајте го вашиот оброк

Еден од поедноставните начини за да тргнете пари на страна е да се потпрете на вашите едноставни кулинарски вештини и наместо секојдневно да давате пари за ужинка или ручек, со малку труд ќе можете секојдневно тоа да го правите од дома. Ова е многу сериозен начин да заштедите, а математиката е едноставна! Доколку ви требаат 200 денари за да си го купите ручекот, направен од дома истиот ќе ве чини само 60 денари. Разликата е голема и очигледна, односно во првиот случај во текот на месецот ќе потрошите 4400 денари, додека во вториот само 1320 денари.  На овој начин ќе можете да ставите пари на страна кои можат да бидат фонд за итни случаи или уште попаметно можете да размислувате чекор понапред и да почнете да правите заштеда за пензиските денови.

Иако праксата вели дека младите во Македонија во споредба со оние во развиените западни земји повеќе сакаат да размислуваат „од денес за утре“, време е да ги смениме овие навики и да почнеме да размислуваме во друга насока. Инвестирањето во вашата иднина денес е лесно решлива бидејќи постојат многу начини кои тоа можат да Ви го олеснат. Не е потребно да сте финансиски аналитичар и експерт доволно е да имате желба секој месец да тргате скромна сума на страна со што ќе направите значаен допринос за побезбедна иднина. За повеќе информации за тоа како да ја вложите вашата заштеда, видете ги информациите на слендиот линк.

*Промотивен текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе