Корисни совети за уморни мајки на кои итно им треба одмор

Мајките ретко признаваат дека зад среќните фотографии на социјалните мрежи често претходат досадни денови, нервоза предизвикана од плачот на децата, беспомошност поради постојаниот неред во домот и слично. Психолозите препорачуваат да не се игнорираат ваквите чувства.

Факт е дека со раѓањето на детето од корен се менува вашиот живот. Многу родители имаат чувство како да губат контрола. Кога подолго време се одвиваат ситуации во кои постојано се вложувате почнува да се создава умор кој со текот на времето се претвора во нервозна исцрпеност. Чувствата како „јас сум лоша мајка“ само го дополнуваат чувството на вина, а другите околу вас мислат дека претерувате со вашите проблеми.

Хроничниот умор често доведува до емоционално прегорување. Ова е состојба препозната во Меѓународната класификација на болести и има неколку фази, од иритација поради ситници до целосна апатија.

Според психологот Људмила Петрановксаја од Узбекистан, овие неколку совети ќе ви помогнат да закрепнете.

1. Отфрлете го чувството на вина

Чувството на вина може да ве исцрпи и умори. Кога се чувствувате изнервирано или дури и бесно Петрановскаја препорачува да ги преиспитате сопствените чувства и наместо себе да се обвинувате, треба да се тешите. Кога водите грижа за себеси всушност водите грижа за другите, за луѓето кои ги сакате. За да ја делите вашата енергија со другите, прво негде треба да ја набавите.

2. Насочете го вниманието од детето на себе

Ако се исклучат првите месеци кога мајката и детето се навистина поврзани, нема потреба да ги занемарите вашите потреби и да дозволите детето да ви го гради животот.

„Имате право да правите работи за себе и вашето дете има право да биде тажно поради тоа. Имате право да имате други деца и вашето дете има право да биде љубоморно. Имате право на развод и вашето дете поради тоа има право да страда. Имате право да го промените местото во кое живеете, а вашето дете има право да протестира“, вели таа.

Додава дека имате право да го живеете сопствениот живот и детето на тоа мора да се адаптира. И повеќето експерти сметаат дека родителството не е единствената улога што ја имате, ниту е најважната.

3. Не се обидувајте да бидете совршена, туку доволно добра мајка

Студиите покажуваат дека родителите кои се обидуваат на децата да им пружат сè најдобро побрзо прегоруваат. Желбата за идеал одзема многу енергија.

Оние кои од почеток се откажуваат од идеал се победници. Добрата мајка прави сè што е во нејзина моќ, ги слуша нејзините инстинкти и се обидува да остане поврзана со детето, сфаќајки дека не може сè да контролира.

реклама

Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија

Read more

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Read more

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Read more

Овие хороскопски двојки не се идеални, но може да успеат

Read more

Живот

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Read more

Како пандемијата ни го поремети чувството за време?

Read more

3.000 евра за милениче: Пандемијата ја зголеми побарувачката за расни кучиња

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Лазања со пилешко месо

Читај повеќе

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како пандемијата ни го поремети чувството за време?

Читај повеќе

3.000 евра за милениче: Пандемијата ја зголеми побарувачката за расни кучиња

Читај повеќе

Овие хороскопски двојки не се идеални, но може да успеат

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Читај повеќе

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете сами: Пилешки прсти со KFC шмек

Читај повеќе

5 работи кои пандемијата ги промени во нашите животи

Читај повеќе