Софтвер

Корисниците на Gmail наскоро ќе може да закажуваат испраќање на мејлови

17. март 2019 - 11:47 | А.С.

Корисниците на Gmail ширум светот веќе подолго време ја чекаат опцијата закажување на мејлови што би можело да ја олесни работата во многу сфери, а се чини дека оваа можност наскоро ќе биде достапна.

Најновото ажурирање на Gmail за Android уредите ќе ја вклучува и опцијата за закажување испраќање на мејл. На овој начин ќе можете да го одложите испраќањето на мејлот во временски период од 10 минути до 10 дена.

Покрај оваа опција, корисниците ќе можат и да го откажат праќањето на веќе закажан мејл.

Со новата опција, ќе може да испраќате закажани мејлови и кога сте офлајн или ви се исклучи батеријата на уредот.

Ова не е прв случај од Gmail да најавуваат нешто вакво, но за прв пат идејата се чини достижна. Се очекува дека опцијата ќе биде достапна од следниот месец кога Gmail ќе го одбележи 15-тиот роденден.

Коментирај