WhatsApp работи на нова функција која сега е достапна на нејзиниот Android бета канал, а тоа е обратно пребарување на фотографии.
Во основа, станува збор за можност за брзо онлајн пребарување на фотографијата што ја добил корисникот, за да се потврди нејзината автентичност, доколку е потребно.
Постапката е едноставна. Кога корисникот ќе допре на добиената фотографија, ќе ја најде опцијата Search on web во менито „три точки“ што се наоѓа во горниот десен агол. На овој начин ќе ја прикачи фотографијата на Google, по што пребарувачот ќе прикаже идентични и слични фотографии, за да добие подобра претстава за тоа колку е веродостојно тоа што му е испратено.
Се разбира, ова порано можеше да се направи рачно, но сега процесот е многу полесен бидејќи функцијата е интегрирана во самиот WhatsApp.
Во секој случај, пребарувањето на фотографијата ќе понуди повеќе контекст, а корисникот ќе види дали е можеби обид за дезинформација.
Функцијата моментално е достапна само за бета-тестерите, така што ќе поминат уште неколку недели или месеци пред да биде достапна за сите.