Корисниците во Европа ќе може сами да го поправаат својот iPhone

Apple ја проширува програмата Self service repair и на европскиот пазар, овозможувајќи им на корисниците пристап до оригинални делови, алатки и официјални прирачници за избрани iPhone и MacBook уреди.

Apple пред некое време ја претстави програмата Self service repair. Оваа програма, како што кажува нејзиното име, им дава можност на корисниците на производите на Apple сами да ги сервисираат своите уреди, без потреба да ги носат во сервисен центар.

Оваа програма сега е достапна и во некои земји на Стариот континент. Поточно, услугата сега е достапна во Белгија, Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска и Велика Британија и им овозможува на корисниците во тие региони сами да ги поправаат своите уреди.

Самата програма во Европа опфаќа неколку серии и тоа - iPhone 12, iPhone 13, како и телефонот iPhone SE (2022), но не и најновата серија iPhone 14. Исто така, се поддржани Mac компјутери со Apple чипови, но не и најновиот M2 MacBook Air. Сепак, се очекува програмата наскоро да ги вклучи најновите уреди.

Цените на резервните делови во Германија се движат од 77 евра за замена на батерија на iPhone 13 до 330 евра за пакет за замена на екранот. Истите делови чинат 70 фунти и 282 фунти соодветно во ОК. На корисниците кои ќе го вратат истрошениот или оштетениот дел на Apple ќе им се припише одреден дел со цел да се намали цената на пакетот.

Сензорот за екранот и капакот за MacBook Pro 14 чини 734 евра во Германија, додека почетната матична плоча со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија чини 959 евра.

Изнајмувањето на комплет алатки за поправка на iPhone и MacBook уреди чини 59,95 евра, за период од 7 дена.

Тагови
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Мобилни

iPhone добива функции што ќе го претворат во вистински сателитски телефон

Read more

Ултратенкиот Motorola Edge 70 е достоен ривал на iPhone Air

Read more

Android или iPhone - кои телефони се побезбедни?

Read more

Откриен баг што излудува милиони: iPhone сам ги менува буквите

Read more
 

Гик

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе