Здравје

Корисно правилo: Дали сте слушнале за начинот на исхрана 5/20?

13. февруари 2020 - 12:15 | М.С.

Оние коишто се придржуваат на здравиот начин на живот сакаат правила. Под влијание на различните совети за исхрана кои можат да се најдат на интернет, можеби ќе се одлучите да не јадете после 8 часот навечер, ќе избегнувате определен вид на зеленчук или ќе го намалите внесот на јаглехидрати.

Додека многу лекари и нутриционисти не ги одобруваат ваквите правила, со изговор дека од храната правиме непријател и дека го нарушуваме природниот баланс на сопственото тело, има само едно не толку познато правило за кое нутриционистите велат дека е корисно.

Правилото 5/20 претставува рамка која на купувачите на прехрамбени производи ќе им помогне да сфатат кои хранливи состојки некој производ ги има во прекумерна количина, а кои во многу мала количина.

Конректно, доколку на декларацијата пишува дека некој нутритиент задоволува 20% или повеќе од референтниот дневен внес за просечната возрасна личност (RU), тоа е многу. Доколку хранливата состојка има RU 5% или помалку, тоа е многу малку.

За кој било вид и да се одлучите, правилото 5/20 е применливо. Доколку на пример сакате да го зголемите внесот на протеини, но да го намалите внесот на шеќери, со консумирање на производи кои ви даваат преку 20% RU протеини и помалку од 5% RU шеќери ќе ви помогнат да ја остварите целта.

Фокусирајте се на калциумот и витаминот Д и ограничете го шеќерот

Би било добро и многу корисно за вашиот организам доколку во исхраната вклучите намирници со високо количество на влакна, калиум, калциум и витамин Д. Според новите правила за декларации, производите коишто ги содржат овие витамини мораат да ги наведат на декларацијата, така што внимавајте наредниот пат кога ќе одите да пазарење.

Исто така, треба да го намалите и внесот на шеќери. Шеќерот сè појасно се истакнува на декларациите, со одвојување на природните шеќери, дополнителните шеќери и штетните шеќери.

Иако правилото 5/20 е многу корисно, важно е да имате на ум дека само една намирница не може да му овозможи на телото сè што му е потребно.

Коментирај