Корона-кризата ги чинеше фудбалските клубови 14 милијарди долари

Пандемијата COVID-19 го чини клупскиот фудбал скоро 14 милијарди долари ширум светот оваа година, што е околу една третина од неговата вредност, изјави во средата висок претставник на ФИФА.

Оли Рен, кој е на чело на Комисијата за пандемија и заедно со финансиски советници ја проценија цената на натпреварите на клубовите помеѓу 40 и 45 милијарди долари ширум светот.

Тој објасни дека сумата од 14 милијарди долари – посочена како можна загуба или изгубена добивка, се базира на сегашното сценарио, во кое фудбалот полека се рестартира по тримесечна стагнација на почетокот на годината, но секако дека ќе беше сосема друга игра ако COVID-19 не го блокираше светот.

– Фудбалот беше многу погоден од пандемијата на коронавирус. Тоа создаде сериозни тешкотии на различни нивоа со некои професионални клубови, кои и сега се исправени пред многу сериозни предизвици. Исто така, многу сум загрижен за младинските академии и клубовите од пониските дивизии, рече Оли Рен, поранешен комесар на ЕУ и сега гувернер на Националната банка на Финска

Рен додаде дека фудбалот во Јужна Америка е особено сериозно погоден и има лоши ефекти врз целокупната состојба во Африка и Азија.

– Дека добрата работа направена за изградба на работни структури во Азија и Африка може сериозно да настрада, е вистински проблем. Треба да го ублажиме ударот во овие региони во светот, рече финскиот претставник.

ФИФА веќе одвои 1,5 милијарди долари на националните федерации за справување со ефектите од пандемијата, а Рен рече дека 150 од сите 211 земја поднеле барање за помош. Но, додека фудбалот полека се буди, не треба да се исклучи уште еден пад.

– Критичната работа ќе произлезе од одговорот на тоа дали ќе се развие и употреби вакцина и дали ќе најдеме медицински и други средства за целосна контрола на пандемијата. Но, сето ова е многу неизвесно, заклучи Оли Рен.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе