Корона-кризата го направи овој тип на возила најпродаван во Германија

Бројот на регистрирани нови автомобили во Германија минатата година падна за скоро една петтина, што е одраз на тешките последици од пандемијата.

Светла точка е растечката популарност на електричните автомобили. Во Германија се регистрирани околу 2,92 милиони нови автомобили во 2020 година, што е за 19 проценти помалку отколку во 2019 година, според извештајот на Здружението за автомобилска индустрија (VDA).

Теренските возила сочинуваа една петтина од новите автомобили, а камперите исто така се здобија со популарност бидејќи епидемиолошките мерки го намалија изборот на места за одмор.

„Очекуваме германскиот пазар на автомобили да се опорави во 2021 година. Сепак, веројатно нема да се постигне многу високото ниво од пред корона-кризата“, рече претседателот на VDA, Хилдегард Милер.

Ваков пад не се памети десет години

Последен пат продажбата значително опадна во 2010 година, кога владата ја згасна големата програма за поттикнување на возачите да ги заменат своите стари автомобили со нови.

И покрај остриот пад во текот на целата година, бројот на регистрирани нови автомобили порасна за 10 проценти на годишно ниво во декември, со регистрирани 311.394 нови возила, пренесува VDA.

Многу купувачи купија автомобили на крајот на годината за да имаат корист од привремено намалување на ДДВ, рече Рајнхард Зирпел, претседател на Здружението на меѓународни производители на моторни возила (VDIK). Пониската даночна стапка важеше до 31 декември како дел од владините напори да ги зголемат трошоците за време на пандемијата.

Германците сѐ повеќе возат електрични возила

Автомобилските компании во последно време инвестираат многу во електрификација на моделите, со помош на владата која нуди дарежливи стимулации. Резултатот е трикратно зголемена продажба на електрични возила на батерија во 2020 година, на повеќе од 194.000 единици, според федералниот регулатор за патен сообраќај Kraftfahrt-Bundesamt (KBA).

Со оглед на фактот дека возилата со целосно или делумно електричен погон во Германија достигнаа пазарен удел од 22 проценти во четвртиот квартал од минатата година, владата е на добар пат да ја постигне целта да има седум до десет милиони регистрирани електрични возила на патиштата до 2030 година, вели претседателот на KBA, Ричард Дам.

На крајот на минатата година, електричните возила на батерија учествувале со 1,2 проценти во сите регистрирани патнички автомобили во Германија, за разлика од 0,5 проценти една година порано, според податоците наKBA.

Ова се електрични возила што користат исклучиво хемиска енергија зачувана во батерии на полнење, без секундарен извор на погон. Целата енергија ја добива од батериите и затоа нема мотор со внатрешно согорување или резервоар за гориво.

реклама

Програмер има уште две шанси да ја погоди лозинката за сметка со 240 милиони долари

Read more

Спасовски: Секогаш ќе се најде некој мангуп за да се пофали на социјалните мрежи и да покаже дека е интересен

Read more

Нов скандал го тресе Холивуд: Актерот Арми Хамер обвинет дека е канибал и садист

Read more

Јокиќ непопустлив кон Шекил: Јас сум Србин и ти го знаеш тоа!

Read more

Авто новости

Потполно новата Lada Niva пристигнува во 2024 година

Read more

Се бара повлекување на 158.000 автомобили на Tesla поради дефект

Read more

Fiat Panda Cross е најдобриот кросовер за 2020 година

Read more

Како изгледа испораката на Bugatti Divo, вреден 5,4 милиони долари?

Read more
 

Автомобили

Потполно новата Lada Niva пристигнува во 2024 година

Читај повеќе

Се бара повлекување на 158.000 автомобили на Tesla поради дефект

Читај повеќе
  • filter

Fiat Panda Cross е најдобриот кросовер за 2020 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа испораката на Bugatti Divo, вреден 5,4 милиони долари?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн Џејмс го претстави новиот електричен Hummer

Читај повеќе
  • filter

Враќање на легендата: Дали би возеле „рено четворка“ на струја?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Погледнете што сѐ може да направи дигиталниот кокпит на Samsung

Читај повеќе
  • filter

Hyundai објави тизери за електричниот SUV Ioniq 5

Читај повеќе

Продажбата на Renault во светот лани опадна за 21,3 отсто

Читај повеќе