Корона-кризата ја намали потребата од балкански работници во Германија и Австрија

Неизвесно е отворањето на границите низ Европа и светот, со оглед на тоа дека пандемијата уште е во тек и прашање е дали и кога ќе исчезне коронавирусот.

Со тоа неизвесни се и апсолутната слобода на движење на граѓаните и работната сила, класичниот пазар на труд и досега познатите законитости на работничката миграција.

Финансиските и работните пореметувања се особено видливи и со далекусежни последици, па клучно е владите да носат непоколебливи одлуки за ублажување на последиците и насочување на развојните процеси кон иднината.

Со корона-кризата постојниот образец за обезбедување работна сила едноставно беше прекинат, а расте бројот на нови невработени кои бараат работа дома или во странство. Од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија информираат дека во периодот од 11 март до 31 мај годинава 11.904 лица се стекнале со статус на невработени лица, за кои претходно имало регистрирана пријава во задолжителното социјално осигурување.

Се разгледува како ќе се продолжи со работа и како ќе се дефинираат новите обрасци за вработување, стимулативните мерки и миграциските политики за работна сила, како приоритетни елементи во носењето одлуки.

Токму тоа го потврдуваат последиците од кризата во Австрија и Германија, каде значително се намали потребата за работна сила од балканските земји, објави порталот Geopolitika News.

Според стручните проценки, корона-кризата ќе доведе до најголемата рецесија во Германија по Втората светска војна и раст на стапката на невработеност од 0,7% на 5,7%, како и нефункционален пазар на труд поради ограничувањето на контактите.

И во Австрија се случува слично сценарио: расте стапката на невработеност и тоа во повисок процент отколку во Германија во споредба со лани.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе