КОРОНА кризата врие во цел регион: Каде е најлошо?

Бројот на новозаразени со коронавирусот е зголемен во сите земји од регионот.

Од ден во ден се регистрираат рекордни бројки на новозаразени, вклучувајќи и во нашата земја, а во Словенија и Хрватска се бројат над 1.400 заболени на ден.

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се рекордни 641 нов случај на COVID-19. Во моментов има 6.069 активни случаи. Во изминатото деноноќие починале 12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Во главниот град Скопје денеска беа регистрирани 325 нови случаи, а вкупно активни се 2.983, од кои најмногу во наслебата Аеродром – 592.

Денеска непосакувани рекорди забележаа и соседна Србија со 512 новозаболени и Словенија со 1.503 нови случаи на коронавирус во 24 часа.

Воведени се нови ограничувања во Словенија. Покрај ноќните клубови, на кои не им е дозволено да работат од почетокот на епидемијата пролетва, забраната за работа е проширена и на киносалите и културните институции, со исклучок на галерии, музеи, архиви и библиотеки. Вчера беше воведен полициски час кој трае од 21 до 6 часот наутро.

Во Хрватска вчера беа регистрирани 1.424 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 11 лица починаа. Во таа земја во моментов има 6.459 активни случаи. Мерките не се исти за сите општини и зависат од бројот на регистрирани случаи на инфекција.

Денеска Босна и Херцеговина пријави дури 922 нови случаи на коронавирус, како и 14 смртни случаи. Во моментов се активни 5.021 случај.

Црна Гора регистрирала најмалку случаи во регионот - 177, а три лица починале во изминатите 24 часа. Во општините Жабљак, Цетиње, Будва, Улцињ, Колашин и Бјело Поље, на сила се ограничува од забрана за излегување, затворање или ограничување на работата на угостителските објекти, префрлање на наставата онлајн, до забрана за домашни посети.

Уште 301 случај е регистриран во Албанија, а четворица пациенти починале. Во моментов, 6.968 случаи се активни во таа земја, претежно во Тирана, Драч и Скадар.

Во Бугарија повторно беше поставен рекорд со нови 1.336 случаи, 312 повеќе од претходниот ден, а беа тестирани дури 11.505 лица.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе