КОРОНА симптом: Губењето на осетот за мирис е различно отколку кога сте настинати

Губење на осетот за мирис е еден од симптомите дека сте заразени со новиот коронавирус, но се разликува од тоа кога сте лошо настинати или болни од грип, велат европските експерти кои ги проучуваа искуствата на пациентите.

Губење на осетот за мирис кај пациенти со COVID-19 се случува одеднаш.

И обично носот не е затнат и не тече слуз - повеќето луѓе кои имаат коронавирус сè уште можат да дишат слободно.

Друг симптом е губење на осетот за вкус.

Не е како кога сетилото за вкус се намалува затоа што пациентот нема осет за мирис, велат истражувачите. Пациентите со коронавирус кои го имаат овој симптом не можат да почувствуваат разлика помеѓу горчлив и сладок вкус.

Експертите се сомневаат дека ова се случува затоа што вирусот ги напаѓа нервните клетки кои се директно поврзани со осетот за мирис и вкус.

Главните симптоми на коронавирус се:

  • висока температура
  • нова, континуирана кашлица
  • губење на осетот за мирис и за вкус

Секој со овие симптоми треба да се повлече во изолација и да се тестира за коронавирус. Членовите на семејството кои живеат со лице кое ги има овие симптоми исто така треба да бидат изолирани за да не се шири вирусот.

Истражување на осетот за мирис

Водачот на истражувањето, професорот Карл Филпот од Универзитетот во Источна Англија, го тестираше осетот за вкус и мирис кај 30 волонтери: 10 пациенти со COVID-19, исто толку испитаници со тешка форма на настинка и десет здрави луѓе.

Губењето на осетот за мирис беше почесто кај пациентите со COVID-19. Тие не можеа да идентификуваат мириси и не можат да разликуваат горчлив и сладок вкус.

„Се чини дека ова се карактеристики кои го разликуваат коронавирусот од другите респираторни вируси“, вели професорот Филпот, кој работи за хуманитарната организација Петто сетило, основана за да им помага на луѓето со нарушувања на вкусот и мирисот.

„Ова е возбудлив заклучок, бидејќи тоа значи дека со тестирање на сетилата за вкус и мирис, може да биде можно да се утврди дали пациентот има COVID-19 или обична настинка или грип.“

Тој рече дека луѓето можат сами да тестираат дали им функционира чувството за вкус и мирис, користејќи кафе, лук, портокали или лимон и шеќер.

Тој додаде дека уште се потребни дијагностички тестови на грлото и носот, ако некој мисли дека е заразен со коронавирус.

Чувството на вкус и мирис се враќа по неколку недели кај повеќето луѓе кои биле заразени со вирусот корона, вели тој.

Професорот Ендру Лејн е експерт за проблеми со носот и синусите на Универзитетот Џон Хопкинс во Америка.

Тој и неговиот тим проучуваат примероци од назални ткива за да испитаат како коронавирусот влијае на губењето на осетот за мирис и ги објавија своите откритија во Европскиот весник за респираторниот систем.

Откриле присуство на високи нивоа на ензими во делот од носот кој е одговорен за да можеме да мирисаме.

Овој ензим, наречен ACE-2 (ангиотензин-конвертирачки ензим II), се смета дека е почетна точка за влегување на коронавирусот во клетките на телото и предизвикување инфекција.

Носот е едно од местата каде што SARS-CoV-2, вирусот што предизвикува COVID-19, влегува во телото.

реклама

Здравје

Храна која го чува вашиот имунитет во зима

Read more

Тестирање треба да се направи два, три дена по појавата на првите симптоми

Read more

Проф. д-р Докиќ: Има две групи на пациенти со COVID-19

Read more

За температура од 37,2°C не земајте „парацетамол“

Read more

Магазин

Најдобриот рецепт за топло чоколадо со рум и цимет

Читај повеќе

Паразитски самци: Дури и младите во Јапонија се незаинтересирани за секс

Читај повеќе

Пријави недозволено паркиран автомобил и заработи пари, предлог на Градот Њујорк

Читај повеќе

Како ќе препознаете дека си имате работа со одличен љубовник?

Читај повеќе
  • filter

Храна која го чува вашиот имунитет во зима

Читај повеќе

Роналдо сподели анегдота за Марадона и неговите два рачни часовника

Читај повеќе
  • play_arrow

Како омилените „Пријатели“ би ја опишале оваа ужасна 2020?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уметниците низ светот создаваат дела инспирирани од Марадона

Читај повеќе

Лесно и вкусно: Похувани палачинки со шунка и кашкавал

Читај повеќе