Корона вирусот не ги намали нарачките и пратките од Кина

Корона вирусот се шири брзо, на жители од Кина повеќе не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, но за пратките не е одреден „карантин“, односно задржување. Со оглед на тоа дека од Кина масовно се нарачуваат работи, особено преку интернет-платформите како AliExpress, има загриженост дали корона вирусот може на тој начин да стаса до граѓаните. Досега не е објавено дека има случај или доказ дека вирусот може да се пренесе преку пакет, а состојбата со корона вирусот засега не се одразува на обемот на нарачки од Кина кај нас.

Според Пошти на РСМ, операторот преку кој кај нас стасуваат најголем број од пратките, состојбата со корона вирусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

– Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од AliExpress и според вообичената динамика се доставуваат и се подигнувааат пратките од страна на нашите корисници, велат за МИА од Пошта на РСМ, операторот преку кој стасуваат најголем број од пратките преку AliExpress.

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за понатамошно постапување заради корона вирусот.

Проблеми со кинеските пратки во Хратска и Србија

За разлика од кај нас, како што пишува Slobodna Dalmacija, жители на Сплит изјавиле дека пратките прво ги стерилизираат, а има и такви кои подолго време ги чуваат настрана.

Како што објавија медиумите, изминатата недела Хрватска пошта престана да испорачува мали пакувања од Кина, каде што се појави корона вирусот, поради што повеќе од 250.000 нарачани пакети се во мирување.

– Иако авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите заради патниците, тие не можат да стигнат и до Хрватска, информираа од Хрватски пошти, откако добиле известување од KLM, Lufthansa и Turkish Airlines дека тие ги прекинале летовите кон Кина за да го спречат ширењето на корона вирусот и оти тоа ќе влијае на испораката на пратките.

Претходно и Јавното претпријатие Пошта на Србија ги инфорира своите корисници за промени во деловната соработка со Кина поради откажаните летови како резултат на коронаворусот.

– Пошта Србија е информирана од авиопревозниците Lufthansa и LOT дека заради превенција од опасноста за ширење на корона вирусот летовите кон Кина се откажани и тоа ќе влијае на вообичаеното поштенско работење во размената на пратките. Поради тоа ги молиме корисниците на услугите на Пошта Србија за разбирање, а за сите промени ќе ве информираме навреме, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Пошта Србија.

СЗО: Нема ризик од писмата и пакетите од Кина

Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од корона вирусот.

– Според последните анализи, вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.

Како што истакна на прес-конференција директорката на Центарот за имунизација и респираторни болести Ненси Месони, овој вирус не може да преживее на површина на предмети и „многу е мал ризикот вирусите да се рашират од пакувањето на пакети кои патувале со денови или недели на собни температури“. На пратките од Кина им се потребни најмалку два дена за да стасаат на која било адреса и според експертите, шансите со нив да стаса корона вирус се речиси никакви, наведе Месони.

Стравот од неизвесноста од ширењето на новиот корона вирус изминатиот период тешко ги погоди берзите во Кина каде што акциите загубија 420 милијарди долари од основниот фондов индекс. Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника. Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.

Германскиот производител на спортска опрема Adidas објави дека ќе мора привремено да ги затвори своите продавници во Кина поради епидемијата на корона вирусот, кој има негативен ефект на продажбата. Слични затворања има и во мрежата на продавниците за франшизата, соопшти групата Herzogenaurach.

Американскиот ривал „Nike изјави дека во краток рок очекува големо влијание на своите активности во Кина, каде што исто така ги затвора продавниците.

Според Светската здравствена организација, до вчера се регистрирани 31.211 потврдени случаи на заболени од корона вирус во Кина и 637 починати.

Во 27 други земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од корона вирусот.

Симптомите на вирусот се покачена температура, кашлица, а во тешки случаи и недостиг на здив и воспаление на белите дробови.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе