Најмалку две лица се заразени со кинескиот корона вирус, соопшти денеска француската министерка за здравство. Едниот пациент е хоспитализиран во Париз, додека вториот се наоѓа во Бордо, пренесува Sky News.
Министерката за здравство Ањес Бузин на прес-конференција рече дека тоа се првите потврдени случаи во Европа.
Првиот случај е пријавен во Бордо, а вториот во околината на Париз.
Пациентот во Бордо е 48-годишен Французин со кинеско потекло, а моментално е сместен во изолација во Универзитетската болница во Бордо. Згрижен е со класични симптоми на грип и кашлица.
Дополнително е утврдено дека патувал во Холандија, а пред тоа престојувал во Вухан, кинескиот град во кој е лоциран епицентарот на зараза.
Ова се првите познати личности во Европа, заразени со смртоносниот кинески корона вирус, познат и како 2019-nCoV. Досега се заболени повеќе од 900 лица, а 26 од нив починаа поради проблеми со респираторниот систем.
Министерката истакна дека властите ќе направат сè за да се ограничи ширењето на вирусот.