Потврден уште во три земји

Корона вирусот се шири многу полесно од очекуваното

Корона вирусот што првпат беше регистриран во кинескиот град Вухан, од кој починаа веќе 25 луѓе, многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се предвидуваше, изјави Дејвид Хејман од Светска здравствена организација (СЗО).

Досега од коронавирусот заразени се повеќе од 700 луѓе.

– Сега веќе гледаме ширење на втората и третата генерација, посочи Хејман.

Пренесувањето на трета генерација значи дека некој што бил инфициран додека работел со животните на пазарот во Вухан, вирусот го пренел на друго лице, кое пак заразил трет човек.

Првенствено се мислеше дека коронавирусот се шири само преку многу близок контакт, како прегратка, бакнување или користење на заеднички прибор за јадење.

– Се собираат докази дека вирусот може да се шири и на далечина, на пример ако заразено лице кивне или кашла пред друг човек. Засега немаме докази дека вирусот се шири преку воздух како грипот, посочи Хејман.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска оцени дека бројот на случаи на новиот коронавирус веројатно ќе биде многу поголем од досега потврдените.

– Сите жртви досега беа од континентална Кина. Меѓутоа, ова е ситуација која брзо се развива и бројот на смртни случаи и на заболени веројатно ќе биде поголем од досега потврдените, истакна Хенкок  во британскиот Парламент.

Тој потсети дека засега мал број заболени има во други држави, меѓу кои и Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и САД.

– Засега нема потврдени случаи од оваа нова инфекција во Велика Британија, истакна Хенкок.

Кина денеска затвори два града, кои се епицентар на новата епидемија на коронавирус, од кој починаа 17 луѓе, а заразени се близу 600. Затворањето на градовите значи и запирање на јавниот транспорт, вклучувајќи железници и аеродроми.

Два кинески патници се сместени во болницата во Шкотска со слични симптоми. Се верува дека тие пристигнале од градот Вухан од каде што и се шири епидемијата.

Коронавирусот потврден уште во три држави

Случаи на заразени лица од новиот корона вирус пријавени се во Виетнам, Сингапур и Саудиска Арабија.

Виетнамското Министерство за здравство соопшти дека двајца кинески државјани биле позитивни на тестирањето за корона вирус, но тие се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Како што се наведува, таткото и синот кои се вчера хоспитализирани бидејќи имале симптоми на грип, пристигнале од кинескиот град Вухан, каде вирусот првпат е идентификуван.

Сингапур, исто така, го потврди првиот случај на корона вирус на своја територија. Според Министерството за здравство на таа земја, станува збор за 66-годишен маж од Кина кој со семејството на 20 јануари допатувал од градот Вухан во Сингапур и моментно се наоѓа во болнички карантин.

Еден од неговите сопатници, исто така, е хоспитализиран, а во болница се наоѓа и една 53-годишна жена, кинеска државјанка од Вухан, која е позитивна на вирусот. Сите тројца пациенти се во стабилна состојба.

Една медицинска сестра од Индија, која работи во болница во Саудиска Арабија, е заразена со корона вирусот, потврди индиското Министерство за надворешни работи. Тестирани се околу 100 индиски медицински сестри, главно од Керала, и засега не се регистрирани други случаи на заразени лица, се наведува во соопштението. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе