Короната го зави Бразил во црно, а Болсонаро уште е против воведување мерки

Бразил за првпат забележа повеќе од 4.000 смртни случаи поврзани со коронавирус во 24 часа, додека уште позаразната варијанта на вирусот поттикна зголемување на бројот на заразени, објави BBC.

Земјата е завиена во црно - болниците се преплавени со пациенти, луѓето во некои градови умираат додека чекаат лекување. Вкупниот број на смртни случаи во земјата досега е скоро 337.000. Само САД имаат поголем број на жртви. Здравствениот систем во Бразил - земја со 210 милиони жители – пропаѓа или е пред колапс во многу области.

Но, претседателот Жаир Болсонаро продолжува да се спротивставува на воведување какви било мерки за контрола на инфекцијата.

Тој тврди дека штетата врз економијата би била дури и полоша од влијанието на самиот вирус и се обиде да укине некои мерки преземени од локалните власти во судовите.

Зборувајќи пред приврзаниците пред претседателската резиденција во вторникот, тој ги критикуваше мерките за карантин, велејќи дека тие се поврзани со зголемување на телесната тежина и депресија и водат кон невработеност. Не даде коментар за бројот на жртвите.

Досега во Бразил евидентирани се над 13 милиони случаи на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Околу 66.570 луѓе починаа во март како последица од COVID-19, двојно повеќе од минатиот месец.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе