Коронавирус во Исланд: Половина од заразените немаат симптоми

Во Исланд е извршено тестирање клучно за контрола на коронавирусот и создавање клучна слика за ширењето на COVID-19. Оваа држава со 360.000 жители тестираше повеќе од 17.900 луѓе, 5% од популацијата.

И додека Националната универзитетска болница ги тестира луѓето кои се во високоризична група или покажуваат симптоми, скоро половина од нив се тестирани од биофармацевтската компанија DeCODE Genetics, фокусирајќи се на пошироката популација, пренесе CNN.

Пресудно е тоа што ги скенираат и оние кои не покажуваат симптоми и моментално не се наоѓаат во карантин, стои во изјавата на Управата за здравство. DeCОDE досега тестирале 9.000 луѓе.

„Резултатите од дополнителните тестови покажаа дека напорите за ограничување на ширењето на вирусот досега се ефикасни“, соопшти владата минатата недела, додавајќи дека тестирањето ќе продолжи и ќе даде многу појасна слика за реалното ширење на вирусот SARS CoV-2 на Исланд.

Иако помалку од 1% од тестовите биле позитивни на вирусот, основачот на компанијата д-р Кари Стефансон рече дека околу 50% од испитаниците позитивни на коронавирус рекле дека се без симптоми, со што се потврдуваат испитувањата кои покажаа дека асимптоматските или благосимтоматските случаи имаат важна улога во ширењето на вирусот.

„Важно е да ги откриваме луѓето во раната фаза на зараза, пред да почнат да покажуваат симптоми“, вели Стефансон.

Тој се прашува дали мутациите на вирусот на некој начин се одговорни за тоа како некои луѓе различно реагираат, кај некои се појавува само блага настинка, додека на други им е потребен респиратор и слично.

Во Исланд се затворени училиштата и забрането е да се собираат повеќе од 100 луѓе. Водат агресивна политика за карантин за поединци за кои се сомневаат дека се во опасност поради зараза и тој трае подолго за разлика од другите земји.

Исланд почна со тестирање на почетокот на февруари, неколку недели пред првиот смртен случај поврзан со вирусот. Во земјата има 1.086 потврдени случаи, 927 луѓе се во изолација, а повеќе од 5.000 излегоа од карантин.

„Единствената причина што ни оди добро е што сме многу повнимателни. Сериозно ја сфативме веста за пандемија која почна во Кина. Не слегнавме со рамената и не рековме ова нема да биде нешто вонредно“, вели Стефансон.

Тој очекува да се тестираат најмалку 50.000 луѓе или 13% од популацијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе