Коронавирусот не стивнува, во Скопје 1.880 активни случаи, трицифрен е бројот во осум општини

Нови 96 случаи со COVID-19 од 724 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево. Регистрирани се 61 оздравен пациент.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, оздравени се 4.871, а починати се 432 пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 3.946.

Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 1.880, во Штип 300, во Тетово 299, во Куманово 226, во Гостивар 196, во Струга 188, во Свети Николе 185, во Охрид 129, во Дебар 111.

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на COVID-19.

На Инфективната клиника примени се пет пациенти, вкупно се хоспитализирани 91 пациент од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на COVID-19, шест позитивни деца, две деца и една мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти, вкупно хоспитализирани се 92 пациент од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Единствениот начин за излез од оваа здравствена криза, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителното носење маски и одржувањето на физичката дистанца.

– Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува, рече Филипче.

Според него, единствена дополнителна мерка која може да дојде предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење, се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети.

– Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението. Имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање, додаде Филипче.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе