ФИБА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022

Кошаркарите ја добија првата битка, падна Италија

Првата од потребни две победи е извојувана. Македонските кошаркари денеска во Перм успеаја во тешка битка да ги победат „Аѕурите“ и да останат во игра за пласман на ЕвроБаскетот.

Почетокот не навестуваше среќен крај за Македонија бидејќи првата четвртина Италија ја доби со 10 разлика, а потоа на полувреме замина со водство од 52:41.

Пресвртот се случи во третата четвртина кога Македонците одиграа фуриозно и со добра одбрана им дозволија на Италијанците само 13 поени, а 26-те постигнати значеа преземање на водството и со 67:65 се замина на кратка пауза пред последната четвртина во која ја одржавме предноста и со конечно 87:78 го добивме натпреварот.

Најефикасен на паркетот беше Ненад Димитријевиќ со 22 поени кој пред самиот крај го напушти теренот поради повреда на коленото за која засега не се знае дали е сериозна. Андреј Магдевски реализираше 4 тројки и натпреварот го заврши со 20 поени како втор најефикасен. Кај противникот Марко Спису реализираше 17 поени.

Од 16 часот домаќинот на турнирот, Русија, игра против Естонија, а нам ни е потребно Естонците да загубат за утре од 15 часот во директен дуел со нив сами да си ја решиме судбината.

Табела:

  1. Италија 10 (4-2)
  2. Русија 8 (3-2)
  3. Естонија 6 (2-2)
  4. Македонија 6 (1-4)

Првопласираните три репрезентации ќе се пласираат на ЕвроБаскетот 2022, а Италија и Русија веќе имаат обезбедено учество.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе