Кошаркарски шут од 180 метри за Гинисов рекорд
Екипата од How Ridiculous постави нов светски рекорд за кошаркарски шут над брана во Швајцарија.
Во 2015 година истата екипа постави рекорд на браната Гордон во Тасманија, Австралија на висина од 126,5 метри. Во мај 2016 година рекордот беше урнат на висина од 162 метри, а сега новиот рекорд е постигнат на висина од 180 метри, за време од скоро 10 секунди.