ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Кошмар за коментатори: Колку Ким има во репрезентацијата на Јужна Кореја?

Уругвај и Јужна Кореја одиграа попладнево нерешено 0:0 во рамки на првото коло во групата Х на Светското првенство во Катар.

Двете репрезентации во првото полувреме имаа по една голема шанса за гол. Јужнокорејскиот напаѓач Хванг за малку биеше непрецизно кон противничкиот гол во 34. минута, додека на спротивната страна топката по ударот со глава на Диего Годин ја погоди стативата во 43. минута. Најзрелата шанса за гол во второто полувреме се случи во 89 минута кога Уругвај вторпат во натпреварот ја погоди стативата по обидот од далечина на Федерико Валверде.

Воведното коло во групата Х ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Португалија и Гана со почеток во 17 часот.

Резултатскиот епилог е невозбудлив, но не и составот на јужнокорејската репрезентација, особено за коментаторите. Половина од селекцијата на Јужна Кореја на Светското првенство има исто презиме. Кога се појавија почетните состави за овој дуел, сите забележаа еден детаљ. Има пет играчи со исто презиме - Ким. Сите играат во последниот ред.

Почнувајќи од голманот, па сè до четворицата одбранбени играчи, сите имаат исто презиме. Селекторот Пауло Бенто (Португалија) се одлучи за интересен состав за овој натпревар: Сеунг Ѓу Ким на голот. Лев бек беше Џин-Су Ким, десен бек Мон-Хван Ким. Тандемот на стоперката го сочинуваа Мин-Џае Ким и Јунг-Гвон Ким.

URL

Уругвај на стартот на Мундијалот се обиде да ја избегне судбината на Аргентина и Германија, но помина за нијанса подобро – одигра нерешено. Да потсетиме, Аргентинците загубија од Саудиска Арабија (2:1), додека Јапонија ги изненади Германците (2:1).

Тагови
реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Ременски за убиената Вања: Таткото прв знаел дека нема да може да се изврши изнудата, Вања била задушена и станала неупотреблив заложник

Read more

Фудбал

Најдобрите десни крила во фудбалот во 21 век

Read more

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Read more

10 најпосакувани фудбалери кои стануваат слободни на крајот од сезоната

Read more

Ахмедхоџиќ одби да ја носи капитенската лента со боите на виножитото

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најдобрите десни крила во фудбалот во 21 век

Читај повеќе

Македонија У-19 ги доби противниците за пласман на ЕП

Читај повеќе

10 најпосакувани фудбалери кои стануваат слободни на крајот од сезоната

Читај повеќе

Ахмедхоџиќ одби да ја носи капитенската лента со боите на виножитото

Читај повеќе

Колку заработи Ѓоковиќ во 2023 година?

Читај повеќе

Голем удар за Њукасл: Голманот ќе паузира четири месеци

Читај повеќе

Kако Арсенал во 97. минута дојде до победа што ја чекаше цели 37 години?

Читај повеќе

Што ќе се случи со фудбалерот кој доби отказ бидејќи ја поддржа Палестина?

Читај повеќе

Кошаркарите на Монако гневни по поразот од Партизан: Ова е срам за Евролигата

Читај повеќе