Приштинските власти ѝ забранија на српската министерка за труд, вработување и социјални работи, Дарија Кишиќ-Тепавчевиќ да го посетува Косово како професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, со привремено седиште во Косовска Митровица.
„Најавата за посетата беше испратена на време и во согласност со сите процедури“, рече директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
Како дел од нејзините редовни активности, Кисиќ-Тепавчевиќ во петок и сабота требаше да одржи испит за студентите од трета година, како професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, на Катедрата за епидемиологија.
„Своето доаѓање на Косово го најави како професор, а не како министер“, се вели во соопштението.
„Сепак, властите во Приштина преку приштинскиот офицер за врска, без никакво образложение и причина, одбија на на Кишиќ-Тепавчевиќ да ѝ дозволат влез“, посочува Петковиќ.