Косово упати протестна нота, бара итно објаснување за инцидентот со претседателката Османи на скопскиот аеродром

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека упатило протестна нота до Македонија.

Бараат итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи.

Според нив, претседателката Османи била соочена со несоодветен и незаконски третман од обезбедувањето на скопскиот аеродром.

„Министерката Доника Гервала достави протестна нота до властите во Северна Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат“, велат од косовското МНР.

Гервала веќе се сретнала со амбасадорката на земјава во Косово за да побара појаснување за случајот.

„Министерката оствари средба и со вицепремиерот на Северна Македонија, Арбен Фетаи, со кого разговараше за инцидентот и за потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала вчера попладне примила телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кому таа му ја изразила загриженоста на косовските институции за инцидентот“, информираа од косовското МНР.

По инцидентот реагираше и Кабинетот на Вјоса Османи од каде ја изразија својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Македонија

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Read more

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Read more

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more
 

Вести

Трамп го нападна Зеленски за неговите изјави за Крим: Заврши ја работата, ќе ја изгубиш целата земја

Читај повеќе

Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Читај повеќе

Утре нестабилно време со врнежи и грмежи

Читај повеќе

Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Читај повеќе

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Читај повеќе

Свириденко: Украина е подготвена за преговори, но не и за предавање

Читај повеќе

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Читај повеќе

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65-то Охридско лето

Читај повеќе

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Читај повеќе