Косово воведе задолжителен тест за COVID-19 за граѓаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора

Приштина, 13 јули 2020 (МИА) – Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната видео-конференциска седница на Владата на Авдулах Хоти е одлучено дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од COVID-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест.

Превозниците кои влегуваат во Косово од споменатите земји немаат потреба од тестот РТ-ПЦР, но треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен превоз. И организираните превозници на патници со автобуски или меѓународни транзитни линии од тие земји не треба да приложуваат уверение за негативен тест, но треба да потпишат изјава дека се обврзуваат да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Ослободени од обврската за тестирање се и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе