Косово забрани увоз на компири и мед од Северна Македонија

Приштина, 16 август 2019 (МИА) – Министерот за трговија и индустрија во Владата во оставка на Косово Ендрит Шаља денеска наложи забрана на увозот на компири и мед од Северна Македонија, како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на Министерството се вели дека се работи за „преземање реципрочна мерка кон Северна Македонија“, како и дека Царината на Косово се обврзува мерката да почне да ја спроведува веднаш.

Министерот Шаља во изјава за порталот Gazeta Express порача дека „мерката стапува во сила денеска и ќе остане сѐ додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат“ нивната одлука за увоз на риба за порибување од Косово.

– Можам да потврдам дека денеска донесов одлука за воведување на мерката на реципроцитет за Северна Македонија. Јас му се обратив со официјално писмо на мојот македонски хомолог за да ја преразгледа одлуката за забрана на увозот на риба за порибување во Северна Македонија. Меѓутоа, македонските власти тоа не го направија, така што ние сме принудени на тие мерки да одговориме со реципроцитет, изјави Шаља.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе