Десет лица загинаа, а има повеќе повредени откако автобус со косовски регистарски таблички утринава излета од автопатот кај Славонски Брод, соопшти хрватската полиција, а од македонското МНР потврдија за МИА.
Полицијата околу 6:20 часот добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи, пренесе новинската агенцијата ХИНА.
Полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.
Најпрвин беше соопштено дека автобусот бил со македонски регистарски таблички, но подоцна е потвредено дека автобусот е од Косово. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.