Коста се премислувал пред масакрот: Сакал да се јави кај мајка му да дојде да го земе кога го видел чуварот

Мајката на момчето (13) кое на 3 мај го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар е сослушана во полиција по барање на Првото основно јавно обвинителство во Белград по покрената истрага поради сомнение за запуштање и злоупотреба на малолетно дете.

Како што пишува српскиот весник Kurir, кобниот ден, пред да ги застрела другарите и соучениците, момчето се предомислило и сакало да ` се јави на мајка си да дојде да го земе!

„Дошол на училиште вооружен и со план, но во моментот кога го видел чуварот Драган, кого го сакал и ценел, сепак сакал да се откаже од сѐ и почнал да ѝ вика на мајка си да дојде да го земе. Меѓутоа, кога видел дека чуварот сака да му помогне бидејќи забележал дека се однесува чудно и се доближил, го извадил пиштолот и го застрелал, а потоа почнал да пука во училиштето и убил девет негови другари“, вели изворот на Kurir.

По злосторството рекол дека е сам во сѐ и дека никој немал поим што прави, па не сака да го меша семејството.

Според пријателите на семејството на момчето, неговата мајка сакала тој да биде најдобар, а тој наводно сакал да ги задоволи родителите, но никој во тоа време не гледал на тоа како проблем кој може да има страшни последици.

Како што дознава Kurir, мајката на момчето во полиција зборувала за семејните односи, како се сложувала со синот, сопругот и каков однос имале двајцата.

Мајката, која беше под истрага за сомнеж за запуштање и злоупотреба на малолетно дете, во полиција изјавила дека никогаш не можеле да претпостават оти момчето може да биде насилно.

Таа потврди дека тоа било хармонично семејство, дека таа и нејзиниот сопруг живееле заедно и дека се грижеле за децата.

Обвинителството претходно испрати барање до Полициското одделение за Град Белград за прибирање на потребните информации, кое наложи да се сослушаат мајката на осомничениот, разговор со педагогот и психологот вработен во „Владислав Рибникар“ основно училиште како и сите други мерки што треба да се преземат за целосно утврдување на фактичката состојба.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето (13) и да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденцијата.

Семејството на момчето првпат се огласи вчера, ден откако мајката беше сослушана во полицијата.

Таткото на момчето е обвинет дека претходно го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје и муниција и се наоѓа во притвор.

Момчето за 120 секунди застрелало 16 луѓе со пиштолот на неговиот татко. Кобниот ден испукал дури 57 истрели од пиштолот.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Регион

Коста бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години – судски вештак за момчето од Врачар

Read more

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста

Read more

По вчерашните немири, денеска во Косово е мирно

Read more

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе