Костадинов: СДСМ и Беса на Касами постигнаа договор

Скопје, 11 јануари 2018 (МИА) – Постигнат е договор со крилото на Беса на Биљал Касами, информира денеска на прес-конференција во Собранието портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

На прашањето да каже за што конкретно се договориле, Костадинов рече дека подоцна ќе се излезе со заедничко соопштение.

Во врска со тоа дали е обезбедно двотретинско мнозинство за последната фаза од уставните измени Костадинов нагласи дека се вложуваат сите напори и оти се оптимисти дека потребното мнозинство до чинот на гласањето ќе биде обезбедно.

Истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со избегнување на целиот овој процес, вклучувајќи го и избегнувањето на дебата во Собранието за уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа всушност го прави најголемото предавство на државните и националните интереси.

„Граѓаните сакаат иднина, напредок и просперитет, граѓаните на Македонија ја сакаат земјата во ЕУ и НАТО, враќање назад во изолација, црнила и темно минато нема да има.  Продолжуваме со сите напори да ја обезбедиме иднината за граѓаните во Македонија. Таа ќе биде членка на ЕУ и НАТО, но секогаш ќе останат запаметени Мицкоски, Груевски, Бачев, Иванов како некои кои ја попречувале иднината и работеле против интеграциите“, рече Костадинов.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе