Костадиновска Стојчевска тврди дека не сторила кривично дело, Битиќи со поддршка: „И јас сум Бисера“

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, тврди дека не неправила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради COVID-19.

Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, со приватно амбулантно возило кое сама го платила, а заедно со колегата пратеник кој исто така дојде во скафандер, се движеле низ посебни ходници и воопшто не влегле во собраниската сала, туку гласале од посебни кабини.

Пратеничката најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава, и од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, но и дека ќе поднесе кривични пријави во однос на нивното работење. Ќе им ги испрати, дополни, и сите скринови од лажните профили од кои, како што рече, добивала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.

– Сакав да присуствувам на седницата зашто не се работи за мене или за Мицевски, туку за граѓаните кои го чекаат петтиот пакет мерки повеќе од два месеца. Нема кршење на ниту еден закон, не се движевме сами, бевме придружувани и одевме по сосема поинаков пат од другите пратеници. Не влеговме во собраниската сала, бевме во посебни кабини. Не излегов во полициски час како Стоилковски да си купам бурек, туку во време кога ми беше дозволено од лекарски надзор. Не облеков скафандер за да се прошетам на корзо во Битола, туку за да гласам и веднаш се вратив назад. Дојдовме по свое убедување, не бевме приморани. Избрани сме од народот и кога ќе почувствуваме дека сме во можност да присуствуваме во Собранието, ќе бидеме таму макар и под посебни протколи, објасни Костадиновска Стојчевска и додаде дека уште 24 часа е во самоизолација.

Според неа, колегите од опозицијата не го цитирале делот од Кривичниот законик кој вели дека ниту еден прекршок не е казнив со закон ако се работи за јавен интерес.

– Ќе одговорам на секоја кривична пријава, но и ќе возвратам со кривична пријава до колегите од ВМРО-ДПМНЕ зашто доаѓаат на работа, а седат по канцеларии наместо да ја извршуваат работата, додека пратениците од Левица се појавуваат десет минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си одат, напомена Костадиновска Стојчевска.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој исто така гостува на ТВ 24, максимално го поддржа вчерашното доаѓање на Костадиновска Стојчевска во Собранието со кус коментар: „И јас сум Бисера“.

– Два месеца бараме одговор и разумност од тие кои вчера рекоа дека ќе направат кворум. Каде беа два месеца? Знаете што значи на 60.000 семејства да им ускратите нешто елементарно, да им ги скратите парите што ги заработуваат?, рече Битиќи.

Мора да покажеме, подвлече, што значи владеење на правото, да креираме еднакви закони за сите, но ако некој своето самоволие го искажува кон 60.000 семејства, ние сме избрани од народот и мора да го преземеме ризикот во свои раце. Тоа е разликата меѓу разумни и неразумни, потенцира Битиќи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе