Костовски: Правдата за стечајот на Еуростандард банка ќе ја барам надвор од земјата

Скопје, 14 август 2020 (МИА) – Главниот акционер на „Еуростандард банка“, Трифун Костовски, во врска со стечајот на банката, на денешната прес-конференција истакна дека правдата за случајот ќе ја бара надвор од земјава, истакнувајќи оти за тоа има легитимно право, бидејќи објективно станува збор за странска инвестиција.

– Јас правдата ќе ја барам надвор од Република Македонија, бидејќи објективно ова е странска инвестиција и ги имаме сите легитимни права да го водиме овој судски процес на меѓународен суд, нагласи Костовски.

Тој изрази жалење за случувањата, особено за клиентите на банката и рече дека вината на акционерите ја лоцира во изборот на Управниот одбор на банката.

– Ние ќе покренеме кривични пријави за Управниот одбор за злоупотреби, кои што го злоупотребуваат капиталот на банката и воедно ги злоупотребуваат сметките и на приватните и на правните лица во банката, без нивно знаење да ги користи и да прави манипулативни трансакции, посочи Костовски.

Тој истакна дека самите ќе ја спаселе банката, но „некому ми се брзало“.

– И за нас и за клиентите ќе беше полесно Народната банка да не ликвидираше пред година дена. Бидејќи објективно условите кои денеска госпоѓата Бежовска ги навестува постоеа и пред година дена. Од кои причини не го презедоа тој чекот не знам, меѓутоа ние како семејство се нафативме дека ќе обезбедиме нови свежи средства за докапитализација на банката и до крајот на годината свежи 10 милиони евра влегоа за санирањето на лошите пласмани коишто веќе банката ги имала направено, објасни Костовски.

Тој посочи дека секој човек којшто малку размислува ќе сфати една работа, дека случувањата се „долго планиран атак врз „Еуростандард бнаката““.

– Причините јас не можам да ги најдам ниту можам да проникнам во нив за тавкото однесување на НБ, бидејќи во Законот на НБРСМ постојат пасуси во какви ситуација НБ може да помогне на конкретните банки за аизлегување од кризна ситуација, што нашата НБ тоа не го стори, истакна Костовски.

Тој објасни дека имале потенцијален партнер којшто можеби потрошил околу 100.000 евра со цел да направи длабинско снимање во банката за нејзино преземање.

– За жал НБ не одвои ниту пет минути да му пружи шанса на тој инвеститор да допатува во земјава и да разговара, бидејќи ако вложи пари и ако не ја добие лиценцата тогаш за тој човек тоа се изгубени пари, рече Костовски.

Тој истакна дека не сака да верува во завери и оти не е човек што би го прифатил тој стил, меѓутоа со своето семејство дошол за „се да инвестира во Македонија и дал се во Македонија“. Денеска, како што рече, се изгубивме.

– Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад за никој  да не знае само блиски до тие кругови од НБ на време биле известени да си ги повлечат парите, посочи Костовски.

Тој истакна дека ќе преземат комплетно ригорозни мерки за тужење на Република Северна Македонија и Народната банка за нанесена штета, на нив како акционери и комплетно на банката, посочувајќи дека доколку ја добијат оштетата тие средства исклучиво ќе бидат наменети за подмирување на сметките на нивните комитенти.

Неговиот син, Коста Костовски рече оти е несомнено дека „Еуростандард банка“ се наоѓала во еден период во којшто и била потребна докапитализација.

– Ние како семејство се одделивме од едно здраво ткиво на нашите инвестиции за да ја спасиме „Еуростандард банка“ и тие средства беа влезени и сето тоа беше врз база на план и програма донесена од страна на НБ.  Истите средства се вложија во покривање на загубите коишто ги остваруваше претходното раководство и следеше процес на докапитализација и евентуално во тој процес бевме спречени  затоа што настана ситуацијата ковид, објасни тој.

Коста Костовски посочи дека нивната вина ја гледаат единствено во тоа што дозволиле да се наруши стабилноста на банката во изминатиот период.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе