Ковачевски: Цените на основните производи се намалени до 10%

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува. Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.

- Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото..Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените, потенцираше Ковачевски.

Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави

- Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот, додаде Ковачевски.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе