Ковачевски: Инцидентот во Охрид има за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

Не оправдувам насилство од каков било тип и секогаш го осудувам и ќе го осудувам, исто како што ќе ја осудам и ќе се спротивставам на секоја провокација која доаѓа од внатре или од надвор, а која што ги повредува чувствата на Македонците и која што буди немир помеѓу нашите граѓани и за мене такви провокации се недозволиви, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарски прашања поврзани со минатонеделниот инцидент во Охрид.

Тој повика на смиреност и разум, но порача и дека не треба да бидеме наивни, бидејќи, според него, ова е класична дистракција на еден навистина перфиден начин за да се одвлече вниманието од нашата европска иднина.

– Сето ова што се случува има импликации, затоа што ова не е натпревар кога играат Пелистер и Вардар или МЗТ и Работнички, ова за што ние денес зборуваме е нашата иднина. Јас летово не седев и не преговарав во Брисел со 27 земји-членки на ЕУ со едно горко чувство, како што го делеа и нашите сограѓани, особено Македонците во однос на целиот јавен наратив и целата хистерија која што беше направена во нашето општество преку провокации кои доаѓаа од внатре и од надвор и кога заедно со моите колеги носев одлука за европската иднина на нашата држава, на нашите сегашни и на нашите идни генерации, за да сега стоиме тука и да гледаме како безмилосно направено насилство влијае врз сето она кое што е сработено и кое што се случува во државата преку овие насилства, практично ја киднапира нашата меѓународна и европска политика, потенцира Ковачевски.

Премиерот нагласи дека нема да дозволи државата „да се одвои од европскиот пат“, па и затоа ќе инсистира овој проблем да се реши на најбрз можен начин, затоа што ние треба да продолжиме кон ЕУ.

– Најважно е што тие коишто ги иницирале настаните од минатата недела и настаните коишто претходеа претходно не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, додаде Ковачевски.

Тој апелираше до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се преиспита, бидејќи, како што рече, има голем број информации дека настаните коишто се случија минатиот викенд и настаните коишто се случуваа претходно, се поврзани со нејзини членови и симпатизери.

– И затоа велам дека преку вакви активности нашата најголема опозициона партија сѐ повеќе наликува на продолжена рака на Левица. Нам не ни треба тоа што тие го продаваат. Јас велам дека постојат два концепта. Едниот концепт е концептот за европска Македонија, вториот концепт е концепт на бесмислен национализам, којшто замина од оваа држава заедно со нивниот вистински лидер. Од друга страна, јас ќе дадам сѐ од себе, ќе инсистирам на брза и ефикасна институционална реализација на секој чекор и денес и понатаму затоа што ние едноставно мора да се задржиме на нашиот европски пат и целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ заради сегашните и заради идните генерации, потенцира Ковачевски.

Тој изрази задоволство што институциите реагираа брзо по инцидентот во Охрид и што МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно во овој случај.

– Верувам дека брзо ќе биде расчистен целиот случај и дека по истиот согласно со пријавите ќе постапува и ОЈО, кое има надлежност во однос на овој случај, истакна Ковачевски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more
 

Вести

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе