Ковачевски: Компании како Виталиа имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денес беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи. Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

Успешната деловна соработка меѓу компаниите и институциите придонесуваат кон посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Изјавувајќи дополнително дека минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес. 

За Виталиа оваа посета е важна бидејќи на некој начин е потврда за нашето успешно работење и придонес во општетсвото. Дополнително што ова е  јубилејна, 30-та година од нашето постоење! 30 години на напорна работа, труд и знаење вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус. Постојано бележиме раст во бројот на вработени и отвораме нови работни места со различни барања на експертиза, забележуваме раст на приходите од година во година, се прошируваме на повеќе пазари, го зголемуваме извозот и го зацврстуваме брендот како на регионално, така и на глобално ниво, изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска ко-сопственик и генерален менаџер на Виталиа.

Денес, Виталиа несомнено е синоним за здрава храна. За производи со богати нутритивни својства и вкус, за врвен квалитет. Најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија присутна на 5 различни континенти, во преку 130 земји низ светот. Истовремено и синоним за иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит, попушти стравот од банкарската криза

Read more

Русија стана најголемиот извозник на нафта во Кина, надминувајќи ја Саудиска Арабија

Read more

Понеделнички шок: Голем пад на акциите на европските банки

Read more

Како UBS ја купи конкуренцијата?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни збор

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите се пофалија дека пресретнале американски бомбардери над Балтичко Море

Читај повеќе

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Читај повеќе