Ковачевски: Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик

Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ.

– Ова е предлог којшто ќе оди во Собранието согласно со уставното уредување на нашата држава, односно го одобрува Владата, го разгледува Собранието. Ние како држава сме се определиле дека стратешка цел на сите нас е членство во ЕУ, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Не сакаше да ги коментира пишувањата на бугарските медиуми, но рече дека „суштината е дека бугарското Собрание во изминатиот период донесе нова Резолуција со која што практично ја анулираше резолуцијата која беше исклучително рестриктивна во однос на кревањето на ветото и тоа е нешто што овозможи да дојдеме до овој предлог“.

За тоа дали ќе се стаса до консензус или некоја од партиите нема да го прифати овој предлог, Ковачевски смета дека обврска на секој политичар во државата е да мисли за генерациите напред, не да мисли само на својата политичка кариера и на својот изборен резултат.

– Јас во неколку наврати сум кажал дека лидерски концепт во политика значи кога треба да кажете не, како што јас кога отидов во Брисел поддржан од целата коалиција и од претседателот на државата и од граѓаните кажав „не“ за нешто што сметавме дека не е добро. Продолживме со разговорот. Дојдовме до решение кое што денеска го разговараме, рече премиерот.

Сите политички партии, според Ковачевски, треба консензуално да се борат за подобра иднина на државата. 

– Ние не смееме да бидеме држава која што не сака да се интегрира. Може човек да одлучи сам да биде изолиран, да остане сам за себе изолиран, може да одлучи политичка партија сама за себе да остане изолирана, меѓутоа не смее да дозволи државата и граѓаните да бидат изолирани. Оваа држава Република Северна Македонија со сите свои граѓани се наоѓа во срцето на ЕУ. Ние станавме членка на НАТО благодарение на мнозинството на граѓани и на мнозинството на политички партии коишто и денес се тука – истите политички партии, истакна Ковачевски. 

Тој ги повика партиите вклучувајќи ги оние кои беа против влез во НАТО да разговараат, да се погледне предлогот и заедно да биде донесена одлуката дека државата ќе оди во насока на влегување во ЕУ бидејќи со носење на правилна одлука ние започнуваме со првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Во однос на т.н. првичен предлог којшто практично беа идеи и нацрти во однос на тоа како би изгледал, забелешки како што рече имал и тој.

– Ама еден мораше да отиде во Брисел и во име на граѓаните на маса со 27 лидери на ЕУ јасно и гласно да го каже ставот од името на коалицијата, од името на претседателот на државата и од името на граѓаните, рече Ковачевски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе