Ковачевски: Македонскиот народ никој никогаш нема да го асимилира и тоа е факт

Скопје, 5 јули 2022 (МИА) – Новиот европски предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието, што покажува дека Владата, јас како премиер и надлежните институции одговорно ги застапуваме државните интереси надвор и дома, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

Ковачевски нагласи и дека доследно се држат до државните позиции во преговорите со Република Бугарија во секој поглед.

– Го штитиме јавниот интерес и македонскиот национален идентитет, рече Ковачевски додавајќи дека европскиот предлог што деновиве се дискутира во земјава е предлог во кој се вклучени нашите забелешки и јасно изразени ставови.

Предлогот, како што рече тој, со сите документи е јавно објавен, а најави оти ќе биде објавен и билатералниот протокол со Република Бугарија.

– Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во предлогот е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти. Го добивме она за што со години се бориме – чиста формулација на македонскиот јазик. Ние Македонците сме горди на својата историја, јазик и идентитет со сите свои аспекти. Македонскиот народ никој никогаш нема да го асимилира и тоа е факт, рече Ковачевски.

Додаде дека од нас зависи одлуката за иднината на државата и граѓаните. Граѓаните на Северна Македонија, како што посочи, заслужуваат да живеат како дел од европското семејство.

– Предлогот ги става и билатералните историски прашања надвор од преговарачката рамка. Отворените прашања со соседите треба да бидат затворени, но за тоа, има време, се додека не се изнајде праведно решение за двете страни. Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран во преговарачката рамка, тоа е билатерален документ кој не е дел до европскиот пакет, појасни Ковачевски.

Меѓувладината конференција и скринингот, додаде, ќе може да ги реализираме без одлагање и без дополнителни услови. Овој конечен европски предлог, според премиерот, овозможува безусловен старт на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот Совет од март 2020 година.

– Да размислуваме рационално, мудро и одговорно, да мислиме на иднината на нашите деца. Сега е дојден моментот кога ќе ја оставиме дневната политика настрана и ќе се држиме до официјалните документи кои се достапни. Да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ!, порача Ковачевски и изрази благодарност за поддршката што деновиве јавно ја добиваат од Европската Комисија, европските земји, меѓународната заедница, САД и останататите соседи за европскиот модифициран предлог.

На протестите се планира нешто што не доликува на земја членка на НАТО

Според тоа што ме информираа од Министерството за внатрешни работи на протестите се планира нешто што не доликува на држава која е земја членка на НАТО и која претендира да стане земја членка на ЕУ, изјави премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

Според премиерот, тоа што се случува пред Владата е организирано од политички партии кои јасно застанале против членството на земјава во НАТО и во ЕУ.

– Република Северна Македонија е демократска држава која има најуредено законодавство и институции во однос на остварување на права на граѓаните по сите основи. Секој може да протестира. И јас сум протестирал. И кога требало да се бранат правата на студентите и кога требало да се бранат правата на професорите. Но, никогаш не се случило освен еднаш и сега вторпат да протестираат луѓе кои носат качулки, кои гаѓаат по полиција, да имаме повредени полицајци. Видовте вчера дека полицијата се повлече, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека се разговара за предлог доставен од Европската Унија, односно, како што рече, 27 земји членки претставувани до претседателот на Европскиот Совет Мишел доставија до Република Северна Македонија предлог за отпочнување на преговорите.

– Секој од нас во оваа држава е претставен преку пратениците во Собранието без разлика од која политичка партија се. И сите ќе мора да ја донесеме одлуката дали сакаме да отпочнеме преговори преку пратениците. На никој не му се криви полицајците кои ја извршуваа својата службена должност, ниту зградата им е крива. Предлогот е дојден од 27 држави, ставен е на широк консултативен процес во државата. Никој никому ништо не му криел, рече Ковачевски, додавајќи дека претседателот на Европскиот совет ќе го претстави предлогот и пред координаторите на пратеничките групи.

Според Ковачевски, се води транспарентен процес, бидејќи, како што рече, се што е предложено од ЕУ, е споделено со јавноста, на англиски и на македонски јазик.

СДСМ: Координаторите на пратеничките групи утре ќе разговараат за заклучоците што треба да произлезат од Собранието

За утре е договорена средба на координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието, брифираат од СДСМ.

– Овие разговори не се поврзани со содржината на преговарачката рамка. Потсетуваме, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбија учество во работните групи иако им беше понудено. Очекуваме одговорност од сите политички партии, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно за Канал 5 брифираше дека ќе се формираат работни групи меѓу политичките партии, кои ќе работат на предлог забелешките на преговарачката рамка, која е предложена.

Предлогот, според опозициската партија, е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба, според ВМРО-ДПМНЕ, се очекува утре.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе