Ковачевски: Не правевме скулптури на бикови и шмизли, направивме зграда за 312 семејства

Во финална фаза е изградбата на зградата за социјално загрозени семејства во Бутел. Премиерот Димитар Ковачевски направи увид во градежните работи за зградата во која вели дека ќе се сместат 312 семејства. По увидот Ковачевски направи споредба на она што го направила Владата на СДСМ со она што го правеше Владата на ВМРО – ДПМНЕ.

„Оваа зграда вреди 10 милиони евра или четири лава кои ги поставуваа на Гоце Делчев, без палми.  4 лава е зграда од 312 стана, тоа е најдобра споредба. Ние не садевме палми во Вардар за стотици илјади евра, не градевме Шпански скали, не правевме фасади од стиропор, не правевме скулптури на бикови и шмизли за десетици милиони евра туку со истите средства изградивме социјална зграда со 312 стана за социјално ранливи категории граѓани. Вложуваме во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме“, рече премиерот Ковачевски.

Досегашната инвестиција во зградата е 9,8 милиони евра. Има два влеза со приземје и тринаесет ката, а на секој кат има по 24 стана. Има пристап за лица со посебни потреби, а премиерот очекува за неколку месеци да биде распишан оглас за доделување на становите.

Премиерот Ковачевски потсети дека пред само два месеца домови добија социјално загрозени семејства во Гостивар, во февруари распределени беа социјални станови во Свети Николе и во Виница, а пред четири месеци во Пробиштип. Премиерот се пофали дека во изминатите четири години изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални станови и тоа во Македонски Брод, во Струмица, во Гевгелија Демир Капија, Неготино, Дебар, Велес, Кочани и Сарај.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе