Ковачевски: Не се прифатливи идеи коишто не прават јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет

Не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање од пратеникот Мартин Костовски од СДСМ за тоа кои чекори ќе ги преземе Владата во однос на евроинтеграциите по одбивањето на францускиот предлог.

– Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Северна Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската Унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.

Тој посочи дека нашата држава е позитивен пример како се одвива соживотот во државата, а нашето законодавство е веќе 45% усогласено со европската легислатива. Ковачевски рече дека земјава е успешен пример за регионалната соработка и го посочи Отворен Балкан, кој, како што посочи, не е замена за ЕУ туку овозможува слободно движење на луѓе, капитал, стока и услуги.

На прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошески, дали премиерот би прифатил да присуствува на седница на собраниската комисија за надворешна политика, на која би биле поканети и поранешниот претседател на Владата Зоран Заев, како и двајцата министри за надворешни работи, поранешниот Никола Димитров и актуелниот Бујар Османи, за да го разгледаат францускиот предлог и да изградат кохерентна политика, Ковачевски рече дека идејата е добра, но тоа би било јавна расправа, а не седница.

– Не би било фер поканата да се изолира само на неколку луѓе, туку сметам дека треба да ги поканите сите досегашни премиери, сите претседатели на државата, сите министри за надворешни работи, бидејќи не сметам дека министрите кои биле во првите два мандата да имаат предност во однос на претходните. Да не заборавиме, Република Северна Македонија не постои од денес. Јас ве поддржувам да направите јавна расправа со сите досега кои ја воделе државата и биле задолжени за надворешна политика, рече Ковачевски.

Милошоски рече дека е задоволен што премиерот прифаќа таква дебата. Тој посочи дека, согласно Деловникот, работните тела можат да покануваат на седница гости, експерти, стручни лица и тоа не мора да биде јавна расправа.

– Мојата намера не е да правиме циркусијада туку една седница во која најрелевантните актери кои учествувале во создавањето на Договорот со Бугарија, да бидат присутни на таа седница. Целта би била да изградиме поцврста заедничка позиција, рече Милошоски.

Пратеникот Милошоски упати прашање и до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дали смета дека треба да го разреши државниот секретар за култура Валмир Азири поради говорот на омраза искажан на Facebook кон Македонците, таа рече дека чека надлежните што ќе одлучат по кривичната пријава поднесена од Милошоски.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски во 14 часот даде редовна едночасовна пауза.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе