Ковачевски: Нема да има ценовен шок до крајот на 2023 година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека и оваа година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза за што се предвидени 225 милиони евра во Буџетот. Како што рече, одговорајќи на пратенички прашања, Владата вети дека нема да има ценовен шок за граѓаните до крајот на 2023.

– Во мојот Кабинет ангажирав советници со големо искуство во економијата и енергетиката, работевме деноноќно, со план, со знаење и со напорите што ги направија сите институции, се потврди дека може на граѓаните да им се испорача тоа што им е ветено и да нема ценовен шок ниту за нив, ниту за комапниите, подвлече Ковачевски.

Тој се осврна на двата пакета антикризни мерки вредни 760 милиони евра кои, според Светска Банка, беа најголеми од сите земји во регинот. Напомена и дека веќе има намалување на цената на лебот, млекото и зејтинот во маркетите.

– Се интервенираше уште кога почна растот на цената на струјата. Во декември 2021 година се замрзна цената на основните прехранбени производи за три месеци, заклучно со февруари 2022 година, пред војната во Украина. Потоа преминавме кон ограничување на маржите, мерка која е продолжена до 30 април 2023 година и тоа важи за белиот леб, зејтинот, шеќерот кои остануваат со 5% трговска маржа, а млекото, кашкавалот, јајцата,… се со 10% маржа. Граѓаните се уверија дека Владата не дозволи ценовен шок во однос на електричната енергија за населението и малите потрошувачи, потенцира премиерот.

Во врска со субвенциите што ги пишува на сметките за струја, Ковачевски рече дека се можност граѓаните да имаат увид каде се трошат парите од Буџетот, но претставуваат и поттик за уште поголемо штедење електрична енергија.

– Со задоволство можам да кажам дека имаме 15% заштеда на електрична енергија во 2022 во однос на 2021 година, заклучи Ковачевски.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Македонија

Променливо облачно со умерен ветер

Read more

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Read more

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Read more

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Read more
 

Вести

Курти: Дали Вучиќ е Доктор Не или Мистер Њет?

Читај повеќе

Францускиот парламент со големо мнозинство гласаше за нов нуклеарен план

Читај повеќе

Институт за војна: Путин не го доби она што го сакаше од кинескиот колега

Читај повеќе

Американскиот долар ослабе во однос на еврото

Читај повеќе

Потврдено: Папата Бенедикт бил под истрага како соучесник во сексуална злоупотреба

Читај повеќе

Променливо облачно со умерен ветер

Читај повеќе

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе