Ковачевски: Собранието функционира и покрај блокадата на опозицијата

Собранието функционира и покрај бојкотот на дел од опозицијата. Дневниот ред на пленарната седница е усвоен, а започна и расправата за избор на уставни судии, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница во Прилеп, Ковачевски уште еднаш повтори дека е несериозно да се бојкотира Собранието во услови на најголема светска енергетска криза и ги повика пратениците да бидат одговорни.

– Во такви услови, секоја политичка партија треба да биде одговорна и да го даде максимумот за да се носат закони кои го олеснуваат секојдневиот живот на граѓаните. Не постојат закони кои не влијаат на општествените процеси во позитивна смисла и не може Собранието да се смета за супермаркет каде некој ќе одлучува кој закон ќе помине, а кој нема да помине, потенцираше Ковачевски.

За тоа дека опозицијата е таа која блокира корисни закони за граѓаните, Ковачевски го посочи примерот со Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со која претседава пратеник од опозицијата, а на која сѐ уште на дневен ред не е ставен законот во кој треба да се направи техничка измена за да може на тутунарите да им се исплатат субвенциите.

– Средствата се обезбедени во Буџетот. Секоја година се прави измена во законот со која производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци. Тоа е техничка измена која Собранието веднаш ја одобрува. Во овој момент, на дневен ред на Комисијата за земјоделство, не се става тој закон. Со оглед на тоа дека Комисијата ја води пратеник од опозицијата, тој закон не се става на седница. И оттука може да се види дека опозицијата нема никаква намера да не блокира закони коишто значат подобар живот на граѓаните, рече Ковачевски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе