КОВИД кризата ги покажа забите: Нов пад на продажбата на автомобили

Во земјите членки на Европската Унија во јули беше забележано закрепнување на продажбата на автомобили, но КОВИД кризата ги покажа забите во август.

Здружението на европски производители на автомобили (ACEA) денеска соопшти дека во месец август повторно бил забележан пад на продажбата.

Во земјите членки на ЕУ во јули беа продадени 1,073 милиони нови возила, што е за 5,7% помалку во споредба со истиот месец во 2019 година, а сепак тоа беше најдобриот месец во 2020 година.

Автомобилската индустрија годинава се најде во големи проблеми поради пандемијата со COVID-19, од набавка на делови и производство, до дистрибуција и физичка продажба на возила.

URL

ACEA во месечниот извештај наведува дека во јули бил забележан „релативно мал пад“, но во август пазарот на автомобили во ЕУ повторно бил погоден и забележан е голем пад од 18,9%. Тоа сепак беше помалку драматично во споредба со почетокот на годинава, стои во извештајот.

Од ACEA додаваат дека од почетокот на 2020 година продажбата на автомобили ослабела за 32% во споредба со истиот период во 2019 година.

Здружението во јуни годинава прогнозираше пад на годишно ниво од 25%.

Најголем пад се бележи на пазарите во Шпанија и Италија, каде продажбата се намали за околу 40%. Во Франција се купуваа за 32% помалку автомобили, а во Германија беше регистриран пад на продажбата од 28,8 отсто.

URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе