Крадец претепан откако се обидел да украде автомобил

47-Годишен жител на скопското село Сарај се бори за живот откако вчера бил претепан од страна на сопственик на компанија за изнајмување на возила, од каде тој украл автомобил.

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, околу три часот попладне на крстосницата од улица „Црногорска“ и улица „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. одзел автомобил „ауди а6“ (сопственост на рента кар фирма), загубил контрола врз возилото и удрил во бетонски столб.

По незгодата, тој пеш се дал во бегство, но сопственикот на рента кар фирмата А.Н. (36) од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал.

Притоа Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и тој се наоѓа во животна опасност. За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

За бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите, информираат од полицијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе