Бизнис

Kraft Heinz крена раце од преземањето на Unilever

20. февруари 2017 - 11:40 | Kајгана/Макфакс

Американскиот прехранбен џин Кraft Heinz, соопшти дека го откажува планот за преземање на британско-холадскиот гигант Unilever.

Unilever во петокот ја одби понудата на Kraft Heinz вредна 143 милијарди американски долари, односно 50 долари по акција, оценувајќи дека понудената сума не им носи никаква финансиска и стратешка вредност.

Иако се очекуваше од американската компанија на британско-холандскиот конзорциум да му понуди поголем износ, во понеделникот, во заедничко соопштение е објавено дека прегворите нема да продолжат.

Двете страни наведоа дека меѓусебно се почитуваат, но и дека Kraft Heinz ја почитува културата, стратегијата и раководната структура на Unilever.

Поврзувањето на тие две мултинационални компании ќе преставуваше една од најголемите трансакции во историјата.

Коментирај