Крагуевац: Една жртва, тројца исчезнати и 25 повредени во експлозијата во воената фабрика

Според последните информации во експлозијата што одекнала во текот на гаснењето на пожарот во воениот Техничко-ремонтен завод во Крагуевац, едно лице го загубило животот, три лица се водат како исчезнати, додека повредени се 25 припадници на војската на Србија и Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за одбрана.

Сите повредени се згрижени во Клиничкиот центар во Крагуевац и се надвор од животна опасност, се истакнува во соопштението на министерството за добрана, што го пренесуваат српските електронски медиуми.

Како што претходно беше соопштено од страна на министерот за одбрана, Зоран Ѓорѓевиќ, и тоа на прес-конференција во Белград којашто била посветена токму на воената индустрија, првата експлозија одекнала околу 13.30 часот.

Според податоците со коишто тогаш располагаше во оваа експлозија немало повредени. Меѓутоа, малку по 15 часот се случила уште една експлозија и од пожарот поради кој се урнал еден од погоните на воениот завод поради високата температура при гаснењето на огнот, и во која имало дваесетина повредени.

Експлозијата се случила во магацинот „А 28“, каде имало погон за ремонт на муницијата, и каде што имало големо количество тромблонски мини и друг вид муниција.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе