Крај на 500-годишна традиција: Мексико Сити забрани борба со бикови

Судот во Мексико Сити трајно ги забрани борбите со бикови во главниот град, пренесе Le Monde.

На 10 јуни судот донесе целосна забрана на борби со бикови во главниот град на Мексико. Барањето дојде од здружението Justicia Justa повикувајќи се на локалните закони според кои се гарантира „правото на здрава животна средина“ за животните.

„Борбите со бикови се забранети во Мексико Сити. Најголемата арена на суровост во светот е затворена“, објави здружението славејќи ја одлуката на Судот со која се забрануваат борбите со бикови.

Познатиот стадион La Plaza Mexico ги повика навивачите да протестираат против пресудата и да објават свои фотографии со испишани зборови за слобода. Исто така најавија дека ќе поднесат жалба на пресудата, пренесе Associated Press.

„Ќе ги одложиме закажаните борби со бикови и ќе продолжиме со правната одбрана на мексиканските обичаи и традиции во мера во која законот го дозволува тоа“, стои во соопштението на La Plaza Mexico.

Судот веќе ја одби едната жалба на пресудата. Со трајната забрана се означува крај на скоро 500-годишна традиција на борби со бикови во Мексико. Според историчарите, шпанскиот освојувач Ернан Кортес ги гледал првите борби со бикови во 1520.

Од 2013 година четири сојузни држави во Мексико забранија борби со бикови, а анкетите покажуваат значајна поддршка од граѓаните за оваа одлука.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Живот

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе