Крај на една ера: Последната трка на Хамилтон за Мерцедес

Ф1
А.С.
/ 08.12.2024 / 13:48

Големата награда на Абу Даби не само што ќе го означи крајот на овогодинешниот шампионат во Формула 1, туку и крајот на Луис Хамилтон како возач на Мерцедес.

Британецот дури во 2013 година седна зад воланот на болидот на германскиот тим, но од почетокот на кариерата беше поврзан со „сребрената стрела“ преку Мекларен. И иако имаше договор со Мерцедес и за следната сезона, на почетокот на февруари како гром од ведро небо стигна веста дека решил да се пресели во Ферари.

Последната трка од сезоната на тој начин навистина ќе означи крај на една ера, по 12 сезони, 246 трки, 84 победи и шест титули. Претходно Хамилтон помина шест сезони во Мекларен, во партнерството со Мерцедес, а во тој период ја освои титулата во 2008 година и забележа 21 триумф. Сето ова го прави најтрофејниот возач во историјата.

„Имавме апсолутно неверојатно патување заедно. Ја напишавме историјата на спортот и тоа е нешто на што сум горд“, изјави Хамилтон за Мерцедес пред почетокот на неговиот последен тркачки викенд во „сребрената стрела“.

Во Мерцедес првично беа шокирани од неговото заминување, но како што се приближуваше Абу Даби, приказната се промени и тие на секој начин се обидоа да го истакнат сето она што Хамилтон го постигна. Пристигнаа признанија кои само го истакнаа она што Хамилтон го повторува со години - немаше да ги постигне своите успеси без Мерцедес.

Тој рече дека му треба промена и можам да го разберам тоа“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

„Бевме заедно 12 години и постигнавме неверојатен успех. Тој е најуспешниот возач, ова беше сензационална авантура, нешто што ќе влезе во историјата, но и во историјата на Мерцедес“.

Во текот на повеќе од една деценија во Мерцедес, Хамилтон не само што остави свој белег на патеката, туку и надвор од неа, бидејќи работеше на различни начини за да ја унапреди различноста, еднаквоста и вклученоста, како во германската компанија, така и во Формула 1.

На Хамилтон му делат уште дваесетина дена за конечно да биде во црвено, а за првпат официјално ќе биде зад воланот на Ферари за време на претсезонските тестирања од 26 до 28 февруари.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Ф1

Ф1 во Белгија до 2031 година, без трки во 2028 и 2030 година

Read more

Интересна соработка: Мерцедес му ги отвора вратите на Ф1 светот на Adidas

Read more

11 години од кобното скијање: Состојба на Шумахер сѐ уште е мистерија за јавноста

Read more

Ред Бул ќе го замени Серхио Перес

Read more
 

Спорт

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Читај повеќе