Крај на карантинот: Почна евакуацијата на патници од крузерот што беше одбиен на пет пристаништа

Патниците и членови на екипажот кои беа во карантин на крузерот The Westerdam, чие закотвување го одбија пет азиски и пацифички земји од страв од ширење на вирусот Covid-19, конечно може да излезат од карантин.

На бродот до вчера не му беше дозволено да се закотви на пет пристаништа, иако операторот Holland America Line со седиште во САД, соопшти дека меѓу 1.455 патници и 802 членови на екипажот нема потврдени случаи на корона вирусот.

Според најновите информации, веќе се евакуираат првите патници од крузерот закотвен во Камбоџа кои неколку дена беа во карантин. Се очекува евакуацијата да се одвива во етапи, во зависност од различните распореди на авионски летови.

Операторот соопшти дека крстарењето завршува во Сиханоквил, од каде патниците можат со чартер лет да заминат во главниот град Пном Пен, а оттаму да се вратат во своите домови, за што била добиена согласност од властите на оваа земја.

Крузерот The Westerdam претходно беше одбиен од пристаништа во Тајланд, Филипини, Тајван, Јапонија и Гуам. Крузерот своето патување го почна минатиот месец од Сингапур, а последното застанување му беше во Хонгконг, градот во кој досега се потврдени 50 случаи на Covid-19.

Од друга страна, продолжува карантинот за патниците на крузерот Diamond Princess во Јапонија, каде досега се потврдени 219 случаи на вирусот. Властите соопштија дека се очекува зголемување на бројот на заразени пред истекот на карантинот што предвидено да трае до 19 февруари.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе